Лацио по пенали до полуфинале во Купот на Италија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лацио е последниот полуфиналист во Купот на Италија, откако по драматична завршница како гостин ја исфрли Болоња. По регуларниот дел беше 1-1, а во пенал серијата римјаните триумфираа со убедливи 4-1.

Домаќинот беше поопасен во првото полувреме, но Иван Проведел со неколку одлични реакции го одржуваше својот тим. Сепак, во 30. минута и тој беше совладан кога по корнерот на Никола Моро најдобро се снајде Сантијаго Кастро и со глава донесе предност од 1-0.

Во продолжението Маурицио Сари повлече неколку потези кои брзо дадоа резултат. Во 48. минута Адам Марушиќ одлично продре по десната страна, а топката стигна до Тијани Нослин кој израмни на 1-1.

Бидејќи до крајот немаше нови погодоци, победникот се решаваше од белата точка. Таму Лацио беше максимално сигурен, реализираше четири удари и без проблеми го завери пласманот меѓу најдобрите четири.

Во полуфиналето римјаните ќе се соочат со Аталанта, додека во другиот двомеч ќе играат Интер и Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×