Лацио не попушта, одбиени фантастични 80 милиони евра за СМС

by
1 минути читање

Лацио наводно ја
одбил почетната понуда на Јувентус во висина од 80 милиони евра за нивниот
најдобар фудбалер, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Според
информациите кои ги пренесува „Газета дело Спорт“, тимот од Рим проценува дека
23 годишниот фудбалер од средниот ред вреди најмалку 130 милиони евра на
трансфер пазарот, па така, понудата од италијанскиот првак е далеку од за нив,
посакуваната.

Сепак, тешко дека
Јувентус ќе се откаже од намерата да се засили со Србинот кој е голема желба на
тренерот Масимилијано Алегри, кој пак, има подготвено и неколку фудбалери во
замена.

Ќе потсетиме и на
изјавата на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој истакна дека Јувентус
нема доволно пари за да го добие Милинковиќ-Савиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×