Лацио му врати на Милан, го победи на Сан Сиро и се пласира во финалето од Купот на Италија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Мечот од Серија А го доби Милан, а тогаш по последниот свиреж имаше и трето полувреме.

Во купот пак Лацио се радуваше. Со голот на Хоакин Кореа во второто полувреме победија со 1-0.

Лацио беше подобар противник, создаде поголем број на шанси и сосема заслужено се радува на триумфот.

Во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта, првиот меч заврши 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×