164
Лацијалите играат во неверојатно добра форма, тоа на своја кожа го почувствува и Сампдорија која прими дури пет голови на Олимпико.
Хет-трик постигна Имобиле, по еден гол дадоа Каиседо и Бастос. Почесниот гол за Сампдорија беше дело на Линети.
По 19 кола Лацио е трет со само бод помалку од Интер и три од Јувентус.