Лацио и со двајца фудбалери помалку ја победи Парма (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во натпревар со многу борба фудбалерите на Лацио денеска дојдоа до три бода на гостувањето кај Парма, славејќи со тесни 1-0.

Римјаните покажаа карактер и до триумфот дојдоа со двајца фудбалери помалку. Во самиот финиш на првото полувреме црвен картон доби Закањи, а во 78. минута и Бешиќ беше испратен во соблекувалната.

Но и во таква ситуација Лацио во 82. минута успеа да го скрши отпорот на домаќините. Нослин ја затресе мрежата и така донесе победа за својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×