Поради лошото време во Италија, натпреварот започна со еден час задоцнување во однос на останатите мечеви.
Вистинските возбудувања почнаа во 37. минута кога Кабрија направи несмасен фаул во својот шеснаесетник, судијата покажа на пенал. Имобиле беше сигурен реализатор за водство на Лацио од 1-0.
Само четири минути подоцна Имобиле дојде до една топка во шеснаесетникот, шутираше одлично и зголеми на 2-0.
По три минути игра во втророто полувреме хет-трик на Имобиле, прими едно одлично додавање и зголеми на 3-0.
Веќе во 50. минута резултатот беше 4-0 за Лацио, овој пат Чиро Имобиле одлично му асистираше на Луис Алберто кој не погреши од одлична позиција.
До крајот на мечот, Милан преку Монтоливо успеа само да го ублажи поразот.
Уште поубедлива победа денеска славеше Фиорентина која со 5-0 ја победи Верона на нејзин терен.
Удинезе со 1-0 славеше над Џенова. Горан Пандев беше изваден од игра уште во првото полувреме од тактички причини поради тоа што неговиот тим остана со играч помалку, па мораже да биде жртвуван играч од нападот.
Со 1-0 победи и Каљари над Кротоне, Аталанта со 2-1 го совлада Сасуоло. Претходно Интер со 2-0 беше подобар од СПАЛ.