Лацио со 3-1 победи на гостувањето кај Ајакс, Глазгов Ренџерс и Тотнем одиграа нерешено 1-1, а интересно беше на дуелот меѓу Лион и Ајнтрахт каде домаќините славеа со 3-2.
Лацио се врати на врвот во Лига Европа откако ги освои трите бода од гостувањето во Амстердам.
Чауна во 12. минута погоди за водство на италијанскиот тим од 1-0, а по две минути игра во второто полувреме Траоре изедначи на 1-1.
Деле-Баширу пет минути подоцна го врати водството на Лацио, а Педро во 77. минута ги постави конечните 1-3.
Ренџерс со гол на Игаме во 47. минута поведе против Тотнем со 1-0, на 15 минути до крајот Кулушевски изедначи на 1-1.
Во другите натпревари од Лига Европа во овој термин беа постигнати следниве резултати: Бодо/Глимт – Бешикташ 2-1, Елфсборг – Карабаг 1-0, Лион – Ајнтрахт 3-2, Макаби Тел Авив – РФС 2-1, Порто – Митјиланд 2-0, Реал Сосиедад – Динамо Киев 3-0, Славија Прага – Андерлехт 1-2.