152
Медиумите скоро 24 часа неприкинато пишуваат за сензационален трансфер и преселба на Леонaрдо Бонучи на Сан Сиро.
Според Ла Стампа, репрезентативецот на „Аѕурите“ уште вечерва би можел да потпише за Милан.
Весникот, кој е во сопственост на семејството Ањели, вели дека „Росонерите“ сакаат Леонардо Бонучи да биде во тимот за турнејата во Кина па притискаат до крајот на денот да го комплетираат трансферот.
Се верува дека дефанзивецот веќе се договорил со Милан за плата од 6 милиони евра, и сега двата клуба ги пеглаат последните детали од трансферот вреден помеѓу 40 и 45 милиони евра.