Ла Лига и даде зелено светло на Барса да купи напаѓач, „каталонците“ на ум имаат нов фаворит

by
1 минути читање

Медицинската комисија
при Ла Лига одговори позитивно на барањата на Барселона да ангажираат нов играч.
Правилата дозволуваат клубовите да донесат засилување надвор од преодниот рок
во случај на тешка повреда и овој критериум е исполнет со оглед на тоа дека
Осман Дембеле ќе паузира шест месеци по операцијата во Финска.

Сега клубот од
Камп Ноу има 15 дена да ја комплетира зделката и изборот е прилично ограничен,
„каталонците“ можат да купат само играч кој настапува во Шпанија или е без договор.

Според пишувањата
на медиумите, нов фаворит за наследник на Осман Дембеле е Мартин Брајтвајт од
Леганес.

На листата со желби
се уште неколку имиња како Анхел од Хетафе и Лукас Перез од Алавес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×