Ла Лига го објави датумот за одложениот натпреварот на Барселона, Осасуна ќе игра натпревар и ден подоцна?!

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се игра на 8 март, но беше одложен поради смртта на докторот на Барселона, Карлес Минаро е закажан за 27 март (четврток) потврди Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Според последните информации каталонскиот клуб планира да поднесе жалба затоа што Бразилците Рафиња и Араухо мораат да играат квалификации во Јужна Америка со своите репрезентации два дена претходно и нема да имаат време да се вратат во Барселона.

Датумот не оди во прилог и на Осасуна која има втор натпревар само ден подоцна против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“.

Барселона во овој момент водечка на табелата во Ла Лига со 60 бодови колку што има и Реал Мадрид, но со подобра гол-разлика и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани