„Л’Екип“: Погба се враќа на тренинзите во Манчестер јунајтед идната седмица

by
1 минути читање

Одлични вести за
Оле Гунар Солшер и генерално гледано Манчестер јунајтед, откако францускиот
весник „Л
Екип“ извести дека
фудбалерот од средниот ред на „Црвените ѓаволи“ ќе се врати на тренинзите во
клубот идната седмица.

Весникот верува
дека Французинот има можност да биде во составот на Манчестер јунајтед за
градското дерби на домашен терен против големиот ривал Манчестер Сити, кое е на
програмата во Премиерлигата идната недела, а големи се шансите тој да биде
целосно подготвен за настап на мечот една седмица потоа, на гостувањето кај
Тотнем.

„ЛЕкип“ истовремено информира дека
селекторот на Франција, Дидје Дешам нема да го повика Погба за претстојните
контролни средби со Украина и Финска идниот месец, освен доколку не ги надмине
очекувањата со тоа колку би било веројатно да дојде до почетниот состав кај
Солшер, а шансите за такво нешто уште идната седмица се 50-50, поголеми се
шансите за една седмица потоа.

Враќањето на 26
годишниот Погба ќе биде голема придобивка за Манчестер јунајтед, Французинот
сезонава забележа само седум настапи во Премиерлигата, поради повредата беше
спречен за повеќе од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×