Бранителот на
шампионскиот трофеј во англиската Премиерлига, Манчестер Сити посакува да го
ангажира дефанзивецот од редовите на Барселона, Самуел Умтити, а со тоа да го
зголеми квалитетот на таа позиција во својот состав, известува „Л’Екип“.
Францускиот
интернационалец мака мачи со повредите, а со оглед на големите проблеми со кои
Пеп Гвардиола се соочува во дефанзивната линија, од Франција известуваат дека „Граѓаните“
во Умтити гледаат одлично решение во јануарскиот преоден рок.
Сосема очекувани
се најавите дека Манчестер Сити ќе се засилува во дефанзивната линија, особено
по повредата на подолг рок на столбот во одбраната, Ејмерик Лапорт, повреда
поради која целосно се разниша играта во тој дел на теренот кај „Граѓаните“.
Умтити одигра
само четири меча досега оваа сезона, а откако и помогна на Франција во
освојувањето на светската титула, запиша само 23 настапи за Каталонците од
Мундијалот ланската година па наваму.
Челси и Манчестер
јунајтед се екипи кои исто така се поврзуваат со 26 годишниот Французин.