„Л’Екип“ објави документи кои воопшто нема да им се допаднат на селекторите за Мундијалот во Катар

by
1 минути читање

Француски „ЛЕкип“ објави документи од УЕФА со кои се
сугестира на тоа дека селекторите на националните фудбалски репрезентации ќе
имаат само една седмица за да ги подготват своите тимови за Светското првенство
идната година во Катар.

Според пишувањата
на весникот, се вели дека предвидено е фудбалерите да бидат ослободени за
своите национални селекции на 14 ноември, а Мундијалот е предвидено да стартува
на 21 ноември, а ќе трае до 18 декември.

Ова ќе биде прв
пат Мундијал да се одигра во зимски период, откако улогата на домаќин му беше
доверена на една од најтоплите земји во светот, а доколку се потврдат
информациите кои ги објави „Л
Екип“, сето тоа сигурно ќе придонесе за низа контроверзии и револт околу
одлуката да се игра Мундијалот во Катар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани