Л’Екип најавува: Ова е почетниот состав на Франција за мечот против Австралија

by
1 минути читање

Франција има
одличен состав кој дава голема надеж за фановите на таа фудбалска селекција
која Светското првенство во Русија го отвора со дуелот против Австралија
предвиден да се одигра во сабота.

ЛЕкип пренесува дека во однос на тоа што се
проследило на денешниот тренинг на Триколорите, предвидувањата се дека Дидје
Дешам нема никакви дилеми околу почетниот состав за мечот против Австралија.

На голот сосема
очекувано ќе се најде Лорис, а во одбраната би требало да почнат Павар, Варан,
Умтини и Хернандез. Средниот ред би требало да го сочинуваат Погба, Канте, Толисо
и Дембеле, а во нападот очекувањата се да се најде дуото Гризман и Мбапе.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Освен Австралија,
избраниците на Дешам за ривали во конкуренцијата „Ц“ ги имаат уште и Перу и
Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани