Квича Кварацкелија ќе ја продолжи кариерата во редовите на ПСЖ, откако парижани го убедија Наполи да го продаде Грузиецот среде сезона. Човекот кој беше еден од творците на скудетото пред две сезони ги разочара навивачите со своето заминување.
Сега грузиското крило реши со емотивна порака да се прости од Наполи. Тој преку социјалните мрежи со петминутно видео се заблагодари на клубот, навивачите и градот за сe.
„Наполи беше мој дом во кој феноменално се чувствував благодарение на вам. Патот кој заедно го минавме и натаму ми е во свежо сеќавање и ми предизвикува емоции. Се сеќавам на првиот гол и чувството кое никогаш нема да го заборавам. Исто така кога првпат зачекорив на стадионот и ги примив првите поздрави и овации кои секогаш беа посебни. Неапол е фудбалски град кој живее за фудбалот и среќен сум што бев дел од неговата голема историја“, кажа меѓу другото Квича.
Кварацкелија пристигна во Наполи во 2022 година, оттогаш одигра 107 натпревари, постигна 30 гола и забележа 29 асистенции.
Kvaratskhelia’s goodbye message 💙🇬🇪 pic.twitter.com/m0qSzNVQSc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 16, 2025