Квеироз: Удар со лакт е црвен картон, не е важно дали е од Меси или или Роналдо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иран жали, а има
за што да жали откако одигра одличен меч против фаворитот Португалија, меч кој
заврши со реми од резултат 1-1, а освен што израмнија во завршницата, Иранците
можеа и да победат со тоа што ќе се пласираа во осминафиналето од Мундијалот.

Еден спорен
момент го налути селекторот на Иран, Карлос Квеироз, станува збор за
ситуацијата каде Роналдо играше со лакт, а по прегледувањето на снимката преку
ВАР-технологијата судијата му додели само жолт картон, нешто со кое не се
согласува Квеироз.

Правилата на
фудбалот налагаат секој удар со лакт да се казни со црвен картон, не е важно
дали тоа го направил Меси или Роналдо. Можеби судијата му прогледа низ прсти
бидејќи тој е голема ѕвезда во светскиот фудбал
“ коментираше португалскиот фудбалски стратег Квеироз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани