Квича Кварацхелија си подал рака со ПСЖ, офанзивниот фудбалер во Париз ќе има плата од околу 8 милиони евра, пет пати повеќе од тоа што во моментов го заработува во Наполи.
Квича Кварацхелија веќе го одигра последниот натпревар во дресот на Наполи, Грузиецот не е во комбинација за пресметката со Верона откако побара трансфер овој месец.
Голем број на извори пренесуваат дека офанзивниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ, веќе ги договорил личните услови.
Во Париз тој ќе заработува околу 8 милиони евра по сезона, односно пет пати повеќе од платата која ја има во моментов во Наполи.
Двата клуба следната недела ќе ги интензивираат преговорите, последните информации велат дека ПСЖ на маса ќе стави предлог вреден околу 80 милиони евра сосе бонуси (бонусите ќе бидат лесно остварливи), па за очекување е двете страни брзо да постигнат дил.