Кварацхелија бара дури шест пати поголема плата за да остане верен на Наполи и да го одбие ПСЖ

by bojan
2 минути читање
Кварацхелија

Квича Кварацхелија е подготвен да го одбие ПСЖ ова лето и да стави потпис на нов договор со Наполи, но фудбалерот од Грузија бара плата од околу 6 милиони евра по сезона, како и гаранции за побeднички проект.

Во последно време се почесто се пишува дека ПСЖ го мерка Квича Кварацхелија за наследник на Килијан Мбапе.

Последните информации велат дека „светците“ се подготвени да платат 80 милиони евра, плус во Неапол да го испратата Коло Муани на позајмица.

Но Ааурелио Де Лаурентис не сака да се раздели со фудбалерот од Грузија, па ќе се обиде да му го обнови договорот и да му вметне откупна клаузула, како што беше случајот со Виктор Осимен.

Квича Кварацхелија е подготвен да го одбие ПСЖ ова лето и да продолжи на „Диего Марадона“ стадионот, но бара околу 6 милиони евра сосе бонуси по сезона, како и гаранции за победнички проект.

Во моментов, неговите примања се нешто над 1 милиони евра , па ваквите барања на фудбалерот значат шест пати поголема плата.

Аурелио Де Лаурентис во моментов на маса има ставено плата од 4 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани