Македонскиот
шампион Вардар славеше со 3-1 над шведски Малме во реванш средбата од второто
квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, откако
првиот дуел во Шведска заврши нерешено со резултат 1-1.
Иако гостите први
поведоа на мечот кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, Вардар беше
тој кој се радуваше по крајот на средбата, а тоа доведе до низа критики кај
насловните страници на медиумите во Шведска кои не се штедеа во своите критики
кон својот претставник.
„Квалифијаско:
Малме е елиминиран од Лигата на
шампионите“ – пишува во својот наслов угледниот медиум во Шведска „Експресиен“.
На насловната на
претходно наведениот медиум се најде вардаровиот капитен Бобан Грнчаров, токму
искусниот дефанзивец на „црвено-црните“ го постигна израмнувачкиот гол во
второто полувреме, по што Вардар тргна во целосна офанзива до триумф на реванш
средбата.