Квадрадо би можел да се врати во Премиерлигата, Јувентус на потег

by
1 минути читање

Англиските
медиуми шпекулираат дека Квадрадо е на листата на желби на Арсенал, па наводно
тимот од Лондон е подготвен да испрати понуда за негов ангажман во висина од 20
милиони евра.

Познато е дека
тимот од Торино пред неполн месец делосно го откупи договорот на Квадрадо од
Челси, и тоа за сума од 20 милиони евра на три рати, Колумбиецот има договор со
Јувентус кој трае до 2020. година.

29 годишниот
фудбалер изминатава сезона одигра 30 натпревари за италијанскиот шампион,
притоа постигна 2 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани