Кутињо наскоро во нов клуб – се налутил поради навивачите!

by Стефан
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Фелипе Кутињо одамна не е на нивото од најславните денови, иако во изминатиот период и не беше толку лош во дресот на Васко де Гама, сепак сега се најавува негово заминување.

Според информациите од Бразил, Кутињо веќе имал разговор со стручниот штаб и донел одлука да го раскине договорот, што наводно ги затекнало челниците на клубот. Особено ако се знае дека управата подготвувала продолжување на соработката, бидејќи актуелниот договор му истекуваше во јуни.

Во клубот не очекувале ваков потег, но се шпекулира дека причината лежи во незадоволството од односот на навивачите. Свирежите од трибините на стадионот во Рио очигледно тешко му паднале на искусниот офанзивец, кој не сакал да продолжи во атмосфера што не ја чувствува како поддршка.

Каде би можел да продолжи засега не е познато. Кутињо зад себе има богата интернационална кариера во која настапуваше за Интер, Васко де Гама, Еспањол, Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен, Астон вила и Ал Духаил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×