Кутињо заминува, Ливерпул најде негова замена?

by
1 минути читање

„Дон Балон“ пишува дека Јирген Клоп посакува на Енфилд да го донесе Иско кој се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид.

Се шпекулира дека Иско треба да стави потпис на нов договор со Реал Мадрид според кој ќе остане до 2022 година, но јасно е дека тој сака повеќе време да поминува на теренот.

Иско би бил еден од главните играчи на Ливерпул, но неговите одлични перформанси по повредата на Герет Бејл, можеби ќе го натераат Реал Мадрид да биде поупорен во преговорите со фудбалерот за продолжување на соработката.

Филипе Кутињо би можел да го напушти Ливерпул оваа сезона, често се поврзува со заминување во поголем клуб, за него има интерес од Барселона и се пореално изгледа неговиот трансфер надвор од Енфилд.

Бразилецот во еден период од сезоната имаше и голем пад во перформансите, а неколку пати беше и повреден. Доколку успее да го договори трансферот на Иско, Јирген Клоп нема да му прави никакви проблеми на Кутињо да замине од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани