Кутињо заличи на фудбалер од 120 милиони, Левановски со убав гест додатно му го разубави денот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Плејмејкерот со одличните настапи во Ливерпул си обезбеди богат трансфер на Камп Ноу од 120+40 милиони евра, но не се снајде најдобро во Барселона, па „каталонците“ летово го испратија на позајмица во Баерн Минхен.

Филипе Кутињо полека влегува во ритам на Алинац Арена и против Келн заличи на фудбалер од 120 милиони. Бразилецот имаше очи на грбот и магично го проигра Кимих во 3. минута и ја отвори акцијата по која падна голот за 1-0.

Тој имаше уште неколку добри потези, ја погоди пречката од слободен удар а по еден час игра изнуди и пенал по еден соло пробив. Денот дополнително му го разубави Роберт Левандовски, кој го остави да ја изведе најстрогата казна.

Полјакот можеше да постигне хет-трик и да собори рекорд со 10 погодока во воведните пет кола, но реши да му препушти на својот соиграч да стигне до деби гол во дресот на Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×