Кутињо вели дека вратата за Нејмар да се врати е отворена, Барса го демантира

by
1 минути читање

Филипе Кутињо даде мошне
интересна изјава, велејќи дека вратата за Нејмар да се врати во Барселона е
отворена, барем тоа ќе го стореле неговите соиграчи, но очигледно клубот има
поинакви ставови во однос на оваа тема.

Тој е одличен фудбалер,
играм со него во репрезентацијата на Бразил и тоа е огромна привилегија за еден
фудбалер, би било одлично доколку тој се врати назад, секако, ние би му ја
отвориле вратата за тоа да се оствари
“ рече Кутињо.

Ние не ни размислуваме
за опцијата Нејмар да се врати, Бразилецот беше фудбалер кој го напушти клубот
и му посакавме среќа откако си замина, од тогаш па наваму ништо се нема
променето, не сакаме да навлегуваме во хипотетичка дебата околу тоа што кажал
некој за фудбалер кој не е повеќе во нашиот тим
“ издвои Хосеп Вивес,
претставникот на Барселона за односи со јавноста. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×