166
Следната недела
треба да биде клучна за иднината на Филипе Кутињо, Барса не губи надеж и верува
дека Ливерпул конечно ќе попушти и ќе дозволи играчот да направи трансфер.
И додека
„Каталонците“ се во исчекување на позитивни вести, фан на Барса вечерва со
појави на Камп Ноу со дрес на плејмејкерот.
На новиот дрес на
Барса беше испишано презимето на Бразилецот и бројот 11, кој претходно беше во
сопственост на неговиот сонародник Нејмар.
Останува да се види дали овој навивач ќе биде првиот среќник со дресот од Барселона на
Филипе Кутињо, или само ќе служи за потсмев на социјалните мрежи.
