„Каталонците“
денеска го потврдија трансферот на Осман Дембеле вреден 105 милиони евра, плус
уште 42 милиони евра во бонуси.
Французинот е
замена за Нејмар, но во последната недела од летниот преоден рок, Барса ќе се
обиде да донесе уште едно звучно име.
Филипе Кутињо останува
на агендата, и последните извештаи велат дека Бразилецот би можел да посегне по
валкани трикови со цел да заврши во Барса.
Тој по мејл веќе достави
формално барање за трансфер, но и покрај тоа Ливерпул одби три понуди на клубот
од Камп Ноу.
Плејмејкерот сега
размислува во интервју за некој медиум јавно да каже дека сонува за настап во
Барселона и да побара да го напушти Енфилд.
Филипе Кутињо
исто така е подговен да му порача на Јирген Клоп дека нема намера да игра за Ливерпул во Лигата на шампионите.
На овој начин Бразилецот се осигурува дека ако „Црвените“ евентуално одолеат на
притисокот сега, во зимскиот преоден рок одново да биде атрактивна опција за
Барса бидејќи ќе може да настапува во најелитното европско натпреварување.