Кутињо се сели во Северен Лондон, но можеби не во Арсенал!?

by
1 минути читање

Позајмицата на Кутињо од Барселона во Арсенал беше најавена како завршена работа, но може ли во последен момент да се случи пресврт?

Информациите од Англија велат дека тренерот на Тотнем, Маурисио Покетино му се јавил на Кутињо со цел да го убеди да дојде во неговиот тим.

Соседот на Арсенал во Кутињо гледа замена за Кристијан Ериксен кој има шанси да заврши во Манчестер јунајтед, но и да спречи големо засилување за ривалот.

Кутињо играше шест месеци на позајмица за Еспањол во 2012 кога тренер таму беше токму Покетино.

Стратегот сака да го искористи тоа и во последен момент да му го украде Кутињо на Арсенал.

Бразилецот речиси сигурно ќе се пресели во Северен Лондон, но во кој клуб, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×