Кутињо проговори за интересот на Барселона

by
1 минути читање

Кутињо се поврзува со трансфер во Барселона, но Јирген Клоп изјави дека немаат намера да го продадат бидејќи е еден од клучните играчи на тимот.

Самиот Кутињо за „ЕСПН Бразил“ проговори за интересот од Барселона.

„Барселона е еден од најдобрите клубови во светот, но ништо не стигнало до мене бидејќи ако има било што најпрво ќе дознае мојот менаџер, јас треба да се фокусирам само на фудбалот“ – вели Кутињо.

„Имам договор со Ливерпул, пред нас е самиот финиш на сезоната и имаме големи шанси да се пласираме во Лигата на шампионите“.

„Јас треба само да се фокусирам на играта, а другите работи ги решаваат бизнис луѓето“.

„Среќен сум што знам дека толку голем клуб се интересира за мене, тоа е добро, ја препознале мојата работа, јас треба само да продолжам да работам напорно“.

„Ливерпул е голем клуб кој повторно го внесуваме во Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани