Барселона веќе има приоритет во однос на засилувањата кои
се планираат за идното лето, а на листата на желби прв ќе биде Французинот од
редовите на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Каталонскиот гигант беше неуспешен во обидите да го
доведе Кутињо во своите редови изминатово лето, откако го загуби Нејмар кој за
фантастична сума од 222 милиони евра премина во ПСЖ, па Бразилецот веќе не е
желба број еден.
Овој пат, првата трансфер цел на Барселона идното лето ќе
биде Антоан Гризман, според најавите на „Мундо Депортиво“.
Одличниот француски офанзивец беше близу до трансфер во
Манчестер јунајтед изминатиот преоден рок, но до тоа не дојде, па се очекува
каталонскиот гигант да ги сруши намерите на премиерлигашот во однос на 26
годишниот фудбалер.
Откупната клаузула во договорот на Гризман почнувајќи од
1 јули идната година ќе биде 100 милиони евра, што е доволно за Барселона да биде
вклучена во преговорите за еден од најдобрите офанзивци во фудбалска Европа.