159
Утре Ливерпул игра против Хофенхајм во првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампионите, а Јирген Клоп нема да ги користи услугите на Филипе Кутињо.
И покрај тоа што нема да има пречка да игра и во Лигата на шампионите за Барселона, доколку настапи во квалификациите за Ливерпул, Бразилецот нема да ризикува повреда пред голем трансфер на Камп Ноу.
Се очекува во наредните денови Барселона да го ангажира Кутињо за повеќе од 120 милиони евра.
Каталонците ги трошат парите заработени од заминувањето на Нејмар, но тешко ќе биде да се надополни неговото отсуство.