Кутињо не сака во Барселона, ќе потпише нов, рекорден договор со Ливерпул

by
1 минути читање

„Мирор“ пишува дека Кутињо и Ливерпул се договориле за продолжување на соработката и бразилскиот фудбалер ќе добие рекорден договор.

Кутињо ќе се обврзе на нови пет години, а неговата плата може да биде дури поголема и од таа на Луис Суарез која изнесуваше околу 200.000 фунти неделно.

Во новиот договор нема да има откупна клаузула, Ливерпул не планира негова продажба и сака да го гради тимот околу него. 

24-годишниот фудбалер е клучен во плановите на Јирген Клоп и Германецот им посочил на раководните луѓе дека сака да го задржи Кутињо по секоја цена.

Шпанските медиуми пишуваа дека Кутињо е цел број еден на Барселона за летниот преоден рок, но „Мирор“ вели дека тој нема намера да му се приклучи на Луис Суарез, сака да остане на Енфилд и да освои трофеи под водство на Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани