За време на церемонијата во Лондон по повод доделувањето
на наградите од страна на ФИФА за најдобрите на годината, медиумите ја уловија
средбата помеѓу агентот на Филипе Кутињо и спортскиот директор на ПСЖ, а
нивната средба крена голема прашина.
Агентот на Кутињо на тет-а-тет средба со спортскиот директор на ПСЖ (ФОТО)
Според информациите кои ги пренесува каталонски „Спорт“,
се вели дека Бразилецот му дал насока на својот агент за делување, па побарал
да нема никакви преговори со францускиот вицепрвак.
„Спорт“ додава дека Кутињо се уште размислува само за
Барселона која доколку биде поконкретна во своите понуди до Ливерпул, односно
доколку го одврзе ќесето за 150 милиони евра, во тој случај ништо чудно
премиерлигашот да попушти во преговорите.
Истовремено, медиумот додава дека за да ја реализира
мисијата со Бразилецот, јасно е дека во целата ситуација во Барселона „жртви“
би биле Арда Туран, Пако Алкасер, Рафиња и останатите кои би можеле да бидат
продадени.