Кутињо ќе штрајкува, нема да игра за Ливерпул во ЛШ?

by
1 минути читање

Ливерпул не го пушти Кутињо да направи трансфер во Барселона, Јирген Клоп не сакаше заминување на неговите клучни играчи од клубот.

Разочарувањето кај Кутињо беше големо, па мистерија е како тој ќе се однесува во дресот на Ливерпул откако ќе се врати по настапите за репрезентацијата на Бразил.

Шпанскиот весник „Спорт“ пишува дека Кутињо ќе одбива да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите со надеж дека во јануари ќе се пресели во Барселона па ќе настапува за Каталонците во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Но, тешко е да се поверува во ваквите тврдења на весникот, по оваа сезона следнува Светското првенство во Русија а штрајкувањето може да има само негативен ефект за фудбалерот кој на тој начин би ризикувал да го загуби местото во националниот тим.

Нашите очекувања се дека Кутињо ќе си „легне на брашното“ и нормално ќе ја одигра сезоната за Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани