Кутињо ќе почека пред да почне да се искупува, Клоп ќе го седне на клупа за дуелот со Сити

by
1 минути читање

„Каталонците“ ова лето силно притиснаа за услугите на Филипе Кутињо, плејмејкерот достави формално барање за трансфер и ги пропушти првите натпревари од сезоната на Ливерпул со образложение дека има повреда на грбот.

Но проблемите магично исчезнаа кога тој отпатува за Бразил за натпреварите на „Кариокитe“ од квалификациите за мундијалот во Русија.

Тој забележа два настапи како резерва и постигна гол против Еквадор.

Денеска Филипе Кутињо тренираше со Ливерпул и ги почна подготовките за дуелот со Манчестер Сити, но нема веднаш да биде вратен во првиот тим.

„Знам што мислат луѓето, но Фил имаше проблем пред неколку недели и не можеше да тренира, па пропушти три недели“ – вели Јирген Клоп.

„Да, тренираше нормално со репрезентацијата на Бразил и настапи за нив, но пред нас е згуснат распоред и имаме седум натпревари во краток период. На денешниот тренинг делуваше одлично и да можеме веднш да го пуштиме во игра, но нема никаква логика во тоа“.

„Ќе треба да одработи некој тренинг повеќе од другите момци, но да, неговото расположение е прилично добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани