Плејмејкерот во
јануари 2018 стана рекордно засилување на „каталонците“ но не ги оправда
очекувањата и изминатиов период често се говореше дека ќе си замине од Камп
Ноу.
Според Мундо
Депортиво, Филипе Кутињо на најблиските пријатели им се доворел дека сериозно
размислува за промена на средината.
Весникот вели
дека Бразилецот е мета на три клуба и има понуди од Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ. Барселона е
подготвена да седне на маса но за да го продаде играчот ќе бара најмалку 100
милиони евра.
Доколку го
продадат Филипе Кутињо летоска, „каталонците“ ќе заштедат 25 милиони евра од
бонусите што треба да му ги исплатат на Ливерпул, а ќе тргнат и голема сума од
сметката за плати со оглед на тоа дека дека Бразилецот е еден од фудбалерите
кои заработуваат најмногу.