84
Барселона во Филипе
Кутињо изминатото лето гледаше големо засилување, но преговорите со Ливерпул не
одеа во позитивна насока за Каталонците, по што останаа со празни раце од оваа
желба.
Додатно, сагата околу
долго најавуваниот трансфер на Бразилецот во Барселона се зголемува по неговата
последна изјава дадена за јавноста.
„Играм во една од
најдобрите лиги во светот, среќен сум. Но, сега ми е најважно да се
концентрирам на репрезентацијата на Бразил. Моментално сум задоволен од својот
живот“ рече Кутињо.
Бразил во вторник на „Вембли“
во Лондон ќе гостува кај Англија на пријателски натпревар.