Кутињо и кажал ДА на Барса, Ливерпул ја одреди цената за Бразилецот

by
1 минути читање

Каталонскиот весник Спорт објави дека Филипе Кутињо е ѕвездата која Барса сака да ја ангажира летоска.

Шампионот на Шпанија веќе стапил во контакт со агентите на играчот, и Филипе Кутињо кажал ДА за преселба на Камп Ноу.

„Каталонците“ сега треба да се договорат со Ливерпул, и според пишувањата на Спорт, „Црвените“ поставиле висока цена.

Клубот од Енфилд за услугите на 24 годишниот репрезентативец на „Кариоките“ бара најмалку 90 милиони евра.

Спорт додава дека ваквата проценка е нереална според лидерите на Барса, па тие ќе почекаат да видат на кое место ќе заврши Ливерпул и дали ќе обезбеди место во Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани