Кутињо е „повреден“ за Ливерпул, но е подготвен да игра за Бразил

by
0 минути читање

Кутињо сака трансфер во Барселона и нема намера повеќе да игра за Ливерпул иако неговото отсуство од теренот официјално беше поради повреда на грбот.

Тој не настапи на ниту еден од првите натпревари на Ливерпул, но доби повик од селекторот на Бразил за дуелите со Еквадор и Колумбија.

Портпаролот на бразилската репрезентација потврди дека Кутињо нема никаква повреда и почнал да тренира со соиграчите од репрезентацијата.

Ливерпул веќе одби три понуди од Барселона, а остануваат уште три дена до крајот на преодниот рок, наскоро и дефинитивно ќе се знае иднината на Кутињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани