125
Нејмар во понеделникот не тренираше, а вчерашниот тренинг го заврши порано поради болка во десниот зглоб и неизвесен за дуелот со Костарика кој се игра во петок.
„Имаме многу одлични фудбалери во националниот тим и секој од нив има своја одговорност“, вели Кутињо.
„Доколку секој си ја врши својата работа, тогаш тимот напредува и игра добро. На еден натпревар може да имаме еден фудбалер кој е клучен, а на другиот друг, но најважна е групата во целина“.
„Нејмар е еден од најдобрите играчи во светот и голем плус е кога го имаме во тимот. Кога тој е на теренот ни помага многу. Тој е многу важен фудбалер за нас“.