Кутињо нема
значајна улога во тимот на Барселона, а Дејли Експрес пишува дека Бразилецот го
допре дното во редовите на каталонскиот гигант, тој стартуваше само на девет
првенствени натпревари за тимот од Камп Ноу сезонава, а се верува дека на лето
би можел да се врати во Премиерлигата.
ШТО МУ ПОРАЧА КЛОП НА КУТИЊО ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО БАРСА
Не е Ливерпул
екипата која засега се шпекулира дека има интерес да го врати на Енфилд, тоа е
Манчестер јунајтед, екипа за која Скај Спортс известува дека подготвува понуда
да се засили со Бразилецот во летниот преоден рок.
Скај Спортс
додава дека Кутињо е на излезна врата од Барселона уште овој месец, а тоа може
да се случи доколку Манчестер јунајтед се согласи на прифатна сума за
Каталонците.
Освен Кутињо,
желба на Манчестер јунајтед, исто така е Лоренцо Пелегрини од Рома, за кого
интерес има пријавено и Арсенал.