185
Кутињо во игра влезе во 69. минута на градското дерби помеѓу Барселона и Еспањол во Купот на Шпанија. Каталонците победија со 2-0 и се пласираа понатаму.
Кутињо се врати од повредата и ги имаше првите свои минути во дресот на Барселона. Веднаш покажа дека ќе биде сериозно засилување за каталонците.
„За мене ова беше голема ноќ, многу посебна ноќ. Ова беа моите први минути во овој клуб и многу сум среќен поради тоа“, вели Кутињо.
„Реакцијата која ја добив од фановите и играчите ме направи многу среќен. Бев неврозен, но начинот на кој бев прифатен ме направи смирен“.
„Победивме и тоа е најважно. Мечот беше тежок како што и се очекуваше, но заслуживме да победиме“.