Куртоа упати „отровна стрела“ кон Челси

by
1 минути читање

Еден од
најдобрите голмани во светот, 26 годишниот Тибо Куртоа мина цели седум сезони
во дресот на Челси во кои запиша 126 настапи, но, седумте поминати години во
Лондон се чини дека не му засметаа на Белгиецот да направи споредба со тоа што
денес во дресот на Реал Мадрид го има, а го немал претходно.

Куртоа кој летово
го облече дресот на европскиот првак за шпанскиот гигант вели дека работи на
едно повисоко ниво во однос на Премиерлигашот, среќен е со тоа што го има Рамос
како соиграч, за кого вели дека е најдобриот на својата позиција во светот, а
ги спореди и фудбалските арени, за претходната истакна нешто што сигурно нема да
им се допадне на фановите на Премиерлигашот.

На тренинзите се
е на едно повисоко ниво, сега
искусувам нешто многу поразлично од претходно во мојата кариера, Серхио Рамос е
најдобриот дефанзивец во светот. Нивото на кое се работи во Реал Мадрид е
неколку скалила погоре во однос на Челси. Сантијаго Бернабеу е двојно поголем
во однос на Стемфорд Бриџ, се разбира, ова е едно поинакво чувство. Доколку
погледнете убаво, гледате ѕид со луѓе, додека пак, на Стемфорд Бриџ можете да
го видите небото или хотелот веднаш до трибините
“ рече тој за белгискиот весник
Het Niewsblad.

Во договорот
помеѓу Челси и Реал Мадрид Матео Ковачиќ отиде во Лондон на позајмица, а
Премиерлигашот го ангажираше Кепа како опција на подолг рок, веројатно го
направи најдобриот избор ако се земе во предвид дека шпанскиот голман има
потенцијал да биде најдобриот во светот во годините кои претстојат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×