Куртоа со критика до Бразилците: Веќе мислеа дека се шампиони, но…

by
1 минути читање

Белгија можеше да
бира во кој дел од ждребот ќе игра, и со победа над Англија го избра потешкиот
пат, кој носеше четвртфинале со Бразил, првиот фаворит за златото.

Потегот се покажа
како исправен, „Црвените ѓаволи“ вечерва ги фрлија „Кариоките“ на колена откако
во Казан славеа со 2-1.

„Бразилците веќе
мислеа дека се шампиони, но ние ги победивме“
– вели Тибо Куртоа, кој во 94.
минута имаше голема одбрана и го спречи Нејмар да изедначи.

„Нашиот тактички
план функционираше одлично, одигравме цврство во одбрана. Штета што примивме
гол, трепревме 20 минути. Што се однесува до мојата последна одбрана по ударот
на Нејмар, самиот на себе си реков „Улала“. Пред четири години загубивме од
Аргентина откако рано примивме гол а потоа противникот извонредно се бранеше.
Научивме од тој меч и вечерва одигравме со јасни идеи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани