Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија, ќе брани против Македонија!

by riste
1 минути читање

Смената на селекторската позиција во белгиската репрезентација значи и враќање на Тибо Куртоа во селекцијата.

Куртоа веќе извесно време не беше дел од репрезентацијата на Белгија. Голманот на Реал Мадрид беше во конфликт со тогашниот селектор Доменико Тедеско и рече дека нема да брани додека тој е на кормилото.

Неодамна Белгија го разреши Тедеско, а тоа значи и враќање на Куртоа во репрезентацијата.

„Ми недостасуваше репрезентацијата, но сега сум подготвен за враќање“, рече Куртоа во поткаст на Рио Фердинанд.

Белгија во март ќе учествува во плејофот од Лигата на нации, а во јуни ги почнува квалификациите за Светското првенство. Прв противник ѝ е Македонија на 6 јуни во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани