203
„Кралевите“ со
победа и три бода ја започнаа 2020, избраниците на Зинедин Зидан славеа на
незгодното гостување кај локалниот ривал Хетафе.
Реал Мадрид стигна
до триумф од 0-3 благодарејќи на Тибо Куртоа и Рафаел Варан. Голманот се
истакна со неколку добри интервенции во првотото полувреме, а дефанзивецот
најпрво го натера домашниот голман да си постигне автогол и да подари водство
за гостите од 0-1, за во второто полувреме да скокне највиско по еден центаршут
и да донесе 0-2.
Конечниот резултат
беше поставен длабоко во судиското надополнување по една контра во која
Валверде несебично го проигра Модриќ за 0-3.