Куртоа самоуверен: Ќе ја победиме Барса во „Ел Класико“!

by Стефан
1 минути читање

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, по вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Јувентус, изјави дека очекува победа во неделното „Ел Класико“ против Барселона.

Најголемото клупско дерби во светот ќе се одигра в недела на „Сантијаго Бернабеу“, а Куртоа со голем оптимизам најави дека верува во триумф на својот тим.

„Ел Класико против Барса е нашиот најголем тест на патот кон титулата во Ла Лига“, изјави белгискиот чувар на мрежата, па додаде:

„Двете екипи влегуваат одлично подготвени во дуелот, па се надевам на одлична фудбалска претстава. По поразите што ги доживеавме минатата сезона, сега очекувам победа, иако имам огромна почит кон Барселона.“

По девет одиграни кола, Реал Мадрид е лидер во Примера со 24 бода, два повеќе од второпласираната Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×