400
Денеска почнуваат четвртфиналните битки во Лигата на шампионите, а еден од најинтересните дуели е тој меѓу Арсенал и Реал Мадрид.
Арсенал оваа сезона е познат по необичното и ефикасно изведување на корнери. Топчиите од оваа позиција дадоа многу голови и се исклучително опасни.
Куртоа на вчерашната прес-конференција откри дека посебно се подготвувале за тоа.
„Корнерите на Арсенал? Работевме на тоа, знаеме како да се браниме против тоа. Првата работа која треба да ја направиме е да не им дозволиме да имаат многу корнери. Тоа е прашање на фокус и енергија“, вели Куртоа.
Белгискиот голман ќе биде стартер вечерва на Емирати и покрај тоа што можеби и не е целосно фит.