57
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги негира гласините дека дел од фудбалерите намерно не го давале максимумот за Чаби Алонсо да добие отказ.
Чаби Алонсо во Реал Мадрид дојде како тренер кој требаше да трае долго, но не успеа да издржи ниту една сезона.
Во медиумите постојано се пишуваше дека не е во добар однос со дел од фудбалерите и на крајот го плати данокот на тоа.
„Ниту еден фудбалер не го местел Чаби Алонсо. Мислам дека направиме добра работа“, вели Куртоа.
„Велат дека сме ја мразеле тактиката, дека сме ги мразеле видеата… но тоа не е точно, ние сме професионалци“.
„Првите месеци со Чаби беа многу добри, потоа паднавме. Тоа се случува во фудбалот“.