Реал Мадрид во
самата завршница извлече бод од гостувањето кај Валенсија, а со самото тоа „Кралевите“
избегнаа пораз на „Местаља“, веројатно најзаслужен за таквиот епилог на дербито
во „Примера“ беше Тибо Куртоа.
Белгискиот чувар
на мрежата од голот на „Кралевите“ реши да помогне при еден прекин, беше
највисок во скокот и упати удар со глава кон голот на домаќините, истиот беше
одбранет, но потоа топката среќно стигна до Бензема кој погоди за конечни 1-1.
Навивачите на
Валенсија постојано упатуваа свирежи кон белгискиот голман во текот на
пресметката, а по израмнувачкиот гол, Куртоа направи гест поради кој би можел
да добие и суспензија поради провокација кон гледалиштето.
По израмнувачкиот
гол, Куртоа гестикулираше кон домашните фанови со рацете на своите уши слушајќи
ги свирежите, за потоа да испрати и бакнеж кон нив, момент кој уште повеќе ја „вжешти“
атмосферата на гледалиштето.
data-lang="en">