„Куртоа е најдобриот голман во историјата на Реал Мадрид“

by riste
1 минути читање

Стигнаа големи пофалби за Тибо Куртоа и тоа од неговиот тренер, Алваро Арбелоа кој смета дека Белгиецот е најдобриот голман во светот.

Куртоа брани фантастично за Реал Мадрид, а Арбелоа оди дотаму со пофалбите за него што вели дека е најдобар во клубот на сите времиња и покрај тоа што една ера во кралскиот клуб одбележа и Икер Касиљас.

„Според мене, Тибо Куртоа е најдобриот голман во светот и најдобар во историјата на Реал Мадрид“, вели Арбелоа.

„Сум играл со некои од најдобрите голмани во светот и некои од нив не само што беа најдобрите во светот во тој момент, туку беа гледани и како едни од најдобрите во историјата. Како и да е, она што го прави Куртоа, го немам видено од никој друг“.

„За мене нема дебата со било кој голман, тој е најдобриот во светот сигурно, и сведочиме на најдобриот голман во историјата на Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×